Сантош повеќе не е селектор на Португалија
- Фернандо Сантош се повлече од функцијата селектор на Португалија, објавено е на официјалниот сајт на тамошната федерација.

Лисабон, 15 декември 2022 (МИА) - Фернандо Сантош се повлече од функцијата селектор на Португалија, објавено е на официјалниот сајт на тамошната федерација.
Двете страни донесоа ваква одлука по елиминацијата на Португалците од Светското првенство 2022 во четвртфиналната фаза.
Во четвртфиналето Португалија загуби од Мароко со резултат 1:0 и го заврши настапот на турнирот.
Договорот на 68-годишниот фудбалски стручњак беше со важност до 2024 година, а страните со меѓусебен договор го раскинаа предвреме.
Сантош го водеше националниот португалски тим од 2014 година. Со него на селекторската функција, Португалија го освои Европското првенство 2016 и Лигата на нации 2018/19. зс/