• среда, 25 декември 2024

„Сантијаго Бернабеу“ домаќин на НФЛ натпревар во 2025

„Сантијаго Бернабеу“ домаќин на НФЛ натпревар во 2025

 

Мадрид, 10 февруари 2024 (МИА) – Шпанската престолнина Мадрид ќе стане четвртиот европски град кој ќе биде домаќин на натпревар од американската професионална лига во американски фудбал (НФЛ) што ќе се одигра на стадионот на фудбалскиот клуб Реал, „Сантијаго Бернабеу“.

Првиот европски град кој беше домаќин на НФЛ натпревар беше Лондон уште во 2007 година. Деценија и пол подоцна првиот НФЛ натпревар се одигра и во Германија, на „Алијанц Арена“ во Минхен, додека оваа година на листата се најде и Франкфурт.

„Доаѓањето на НФЛ на Сантијаго Бернабеу е важен настан во спортската историја. Оваа стратешка соработка ќе ги закајне двата наши брендови, а ќе биде ентузијастички поздравена од милиони луѓе на сите континенти“, изјави претседателот на мадридски Реал, Флорентино Перез.

Освен во Европа, натпревари од НФЛ лигата досега се играа и на стадионот „Ацтека“ во Сидуад Мексико, а за 2024 година е договорен и првиот натпревар во Јужна Америка, на 6 септември на стадионот на фудбалскиот клуб Коринтијанс во Сао Паоло. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан