• сабота, 27 јули 2024

Санкционирани 15 возачи под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Санкционирани 15 возачи под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола

Скопје, 6 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола, ноќеска во периодот од 22:00 до 04:00 часот,  спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Притоа, како што информираат од МВР, биле санкционирани 15 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 18 останати прекршоци. дма/сст/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан