• недела, 06 октомври 2024

Санкционирани 74 возачи на територија на СВР Тетово

Санкционирани 74 возачи на територија на СВР Тетово
Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) - СВР Тетово денеска од 9 до 16 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 74 возачи. Од нив 67 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а седуммина за дури над 70 километри на час над дозволената, соопшти МВР. Засилените сообраќајни контроли, како што посочуваат, продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. рп/дма/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан