• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 70 возачи на територија на Тетово за брзо возење

Санкционирани 70 возачи на територија на Тетово за брзо возење
Скопје, 31 август 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово во акциска контрола санкционираа 70 возачи за брзо возење.
-Од вкупниот број санкционирани возачи, 14 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а едно возило со дури над 70 километри на час од дозволеното, соопшти МВР.
Од Министерството велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел побезбеден сообраќај. ки/бак/

Остани поврзан