Санкционирани 42 мотоциклисти на подрачјето на СВР Охрид
- На подрачјето на СВР Охрид вчера во периодот од 16:00 до 22:000 часот преземени се засилени сообраќајни контроли.

Скопје, 10 август 2023 ( МИА) - На подрачјето на СВР Охрид вчера, во периодот од 16:00 до 22:000 часот, во засилена сообраќајна контрола за прекршоци што ги направиле мотоциклистите, биле санкционирале 42 лица.
-Од санкционираните од Охрид се 17, Струга-15, Кичево-05, Дебар-05, информираат од МВР.
Оттаму, апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. љм/ир
Фото: МИА архива