• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани 29 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Санкционирани 29 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Скопје, 8 април 2023 (МИА) - Полицијата во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола при акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол санкционирала 29 возачи, при што кај возач во Прилеп при алкотестирање биле измерени 2.99 промили алкохол во крвта.

Како што информираат од МВР, од вкупно 29 санкционирани возачи 7 прекршоци се на територија на  Битола, 17 во Прилеп, 2 во Ресен и Македонски Брод и 1 Крушево.

За време на контролата биле санкционирани и 17 други видови прекршоци.
 
Од МВР, информираат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила. аа/
Фото: МИА архива

Остани поврзан