• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 272 возачи за брзо возење

Санкционирани 272 возачи за брзо возење
Скопје, 3 септември 2021 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 272 возачи. - Од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа,120 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 152 надвор од населено место, се вели во соопштението од МВР. Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта. аа/са/

Остани поврзан