Санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола
- Во текот на изминатата вечер во периодот од 23:00 до 05:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 22 возачи.

Скопје, 2 јули 2023 (МИА) - Во текот на изминатата вечер во периодот од 23:00 до 05:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 22 возачи.
За време на контролата биле санкционирани и 12 други видови прекршоци, информираат од МВР.
Од МВР, посочуваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила. аа/
Фото: МИА архива