• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани 19 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Штип

Санкционирани 19 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Штип

Скопје, 26 март 2023 (МИА) - При синоќешната спроведена засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип во периодот од 23 до 05 часот санкционирани се 19 возачи што управувале возило под дејство на алкохол.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Додека, пак, СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да обезбедиме побезбеден сообраќај.фф/хс/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан