Санкционирани 177 возачи за брзо возење
- Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што сан
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 177 возачи.
-Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 74 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место, информираат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/са/
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/са/