Санкционирани 160 возачи на подрачјето на СВР Битола, 56 за брзо возење
- Како што соопшти МВР, 15 мерки се изречени за возење под дејство на алкохол, 8 мерки за зборување на мобилен телефон, 22 мерки за возење без возачка дозвола …

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - На територија на СВР Битола викендот (19/20/21.04.2024) изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции.
Како што соопшти МВР, 15 мерки се изречени за возење под дејство на алкохол, 8 мерки за зборување на мобилен телефон, 22 мерки за возење без возачка дозвола …
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/бак/
Фото: МИА архива