• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани 106 возачи поради пребрзо возење во Тетово и Гостивар

Санкционирани 106 возачи поради пребрзо возење во Тетово и Гостивар
Тетово, 17 јуни 2021 (МИА) - Во рамки на засилена акциска контрола од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово, санкционирани се 106 возачи управување возило со брзина поголема од пропишаната. Од вкупниот број 77 се на територија на Тетово, а 29 на територија на Гостивар. -Од санкционираните 106 возачи, 81 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над дозволената, а 14 за дури над 70 километри на час над дозволената. СВР Тетово апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поединечно и заеднички да придонесат за поголема сообраќајна безбедност на подрачјето, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. aс/рп/

Остани поврзан