• среда, 27 ноември 2024

Санкции за 173 лица поради брзо возење на територијата на СВР Тетово

Санкции за 173 лица поради брзо возење на територијата на СВР Тетово
Скопје, 24 мај 2021 (МИА) - На подрачјето на СВР Тетово денеска при засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, санкционирани се 173 возачи, од кои 91 на територија на Тетово и 82 на територија на Гостивар, соопшти МВР. Посочуваат дека 92 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 16 за дури над 70 километри на час над дозволената. - Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР. мс/рп/

Остани поврзан