• сабота, 23 ноември 2024

„Самсунг“ претстави два нови уреда - паметен телефон и таблет

„Самсунг“ претстави два нови уреда - паметен телефон и таблет

Сеул, 11 јануари 2024 (МИА) - Во исчекување на „Анпакд“ настанот на „Самсунг“, каде што ќе бидат претставени предводниците од серијата „Галакси С-24“, јужнокорејската компанија во меѓувреме претстави два други уреди.

Станува збор за мобилниот телефон „Галакси Екс-кавер 7“ и таблет-компјутерот „Галакси таб актив 5“, што користат оперативен систем „Андроид 14“, 5-Г интернет-врска, „НФЦ“ опција за плаќање, „Самсунг нокс волт“ за заштита на податоците и копче за брз пристап во итни случаи, додатоци што може бидат подесени.

„Галакси Екс-кавер 7“ доаѓа со 17-сантиметарски „ЛЦД“ екран со целосна ХД+ резолуција и зголемена чувствителност за употреба со ракавици со дебелина до 2 мм, како и во влажни услови. Има само една камера од 50 мегапиксели на задната страна, додека предната има камера од 5МП. Процесорот е поврзан со 6ГБ РАМ и 128ГБ внатрешна меморија што може да се прошири со помош на „Микро-СД“ картичка. Има и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, заштитен екран и батерија што се полни со 4.050 мегаампер-часови.

Таблетот има 20-сантиметарски „ЛЦД“ екран со брзина на освежување од 120 херци, задна камера од 13МП и предна камера од 5МП. Се напојува со процесор развиен на процес од пет њутн-метри и батеријата е со капацитет од 5.050 мегаампер-часови, којашто како и во случајот со паметниот телефон, може да се отстрани.

И телефонот и таблетот наскоро ќе бидат достапни во продажба, но цените сѐ уште не се познати. си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан