• сабота, 23 ноември 2024

Сампдорија го отпушти тренерот Џампаоло

Сампдорија го отпушти тренерот Џампаоло
Џенова, 2 октомври 2022 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија денес на својата официјална веб-страница објави отказ за главниот тренер Марко Џампаоло. По осум кола на стартот од сезоната, тимот го зазема последното, 20. место во Серија А. Сампдорија под водство на Џампаоло нема ниту една победа и има само два бода на своето конто. Марко Џампаоло го презеде тимот во јануари 2022 година. Во следното коло Сампдорија на 8 октомври ќе игра против Болоња, која исто така веќе го смени тренерот на стартот од сезоната. зс/

Остани поврзан