Сампаоли нов тренер на Рен
- Аргентинскиот фудбалски стручњак Хорхе Сампаоли е нов тренер на Рен, објавено е на официјалниот сајт на францускиот клуб.

Рен, 12 ноември 2024 (МИА) - Аргентинскиот фудбалски стручњак Хорхе Сампаоли е нов тренер на Рен, објавено е на официјалниот сајт на францускиот клуб.
Договорот со 64-годишниот Аргентинец е до летото 2026 година.
На 7 ноември, Рен го отпушти од тренерската функција Стефан Жулиен.
Претходно Сампаоли ги водеше репрезентациите на Чиле и Аргентина, а од попознатите екипи беше тренер на Марсеј, Севиља, Фламенго.
По 11 натпревари во Лига 1, Рен е на 13. место на табелата со 11 бодови. Има само три победи оваа сезона. зс/
Фото: ЕПА