• понеделник, 23 декември 2024

Само третина од Словенците ја поддржуваат Владата на премиерот Голоб

Само третина од Словенците ја поддржуваат Владата на премиерот Голоб

Љубљана, 23 септември 2024 (МИА) - Поддршката од гласачите за Владата на словенечкиот премиер Роберт Голоб падна на 31,9 отсто, додека опозициската Социјалдемократска партија (СДС) ужива доверба на 24,7 отсто од граѓаните, покажа денеска објавеното истражување на ПОП ТВ.

Процентот на гласачи кои не ја поддржуваат Владата е зголемен на 52,1 отсто, додека 16 отсто се неопределени, јави словенечката новинска агенција СТА.

Зеленото движење Весна, кое е член на Европскиот парламент, но не и на словенечкото Собрание, има 3,1 отсто поддршка од граѓаните, додека друга вонпарламентарна партија, Пирати, има 2,8 отсто поддршка од гласачите.

Исто така, 19 отсто од граѓаните се изјасниле дека се неопределени, а 6,6 отсто дека нема да гласаат за ниту една од понудените опции.

Од политичарите најголема поддршка имаат словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, министерот за економија Матјаж Хан и лидерот на движењето Весна, Владимир Пребилиќ.

Анкетата е спроведена од 16 до 19 септември и во неа учествувале 720 граѓани. паг/

Фото: Икс

 

 

Остани поврзан