• сабота, 14 февруари 2026

Само еден бод за Арсенал на гостувањето кај Брентфорд

Само еден бод за Арсенал на гостувањето кај Брентфорд

Лондон, 13.февруари 2026 (МИА) – Лидерот на Премиер лигата Арсенал освои бод на гостувањето кај Брентфорд откако во последниот дуел од 26.коло синоќа одигра нерешено 1:1. Арсенал по ова коло има четири бодови предност во однос на Манчестер Сити.

Гостите поведоа во 61.минута преку Нони Мадуеке, а Брентфорд изедначи десет минути подоцна со голот на Кин Луис-Потер.

Арсенал е лидер со 57 бодови, пред Манчестер Сити со 53, а Брентфорд е на седмото место со 40 бодови. мн

Фото: ЕПА

Остани поврзан