• сабота, 23 ноември 2024

Само две носителки стигнаа до четвртфиналето на турнирот во Мадрид

Само две носителки стигнаа до четвртфиналето на турнирот во Мадрид

Мадрид, 4 мај 2022 (МИА) – На женскиот дел од тенискиот турнир во Мадрид во четвртфиналето се пласираа само две носителки. Во првите три кола 14 од 16-те фаворитки се елиминирани.

Само Онс Џабер (8) и Џесика Пегула (12) од носителките изборија пласман во четвртфиналето.

За пласман во полуфиналето Џабер ќе игра со двократната шампионка Симона Халеп, а Пегула со Сара Сорибес-Тормо.

Другите две двојки се: Екатерина Александрова – Аманда Анисимова и Анхелина Калинина – Џил Белен Тајхман. зс/

Остани поврзан