• среда, 14 јануари 2026

Самоуправувачки рoботи во меѓународна воена вежба во Јапонија

Самоуправувачки рoботи во меѓународна воена вежба во Јапонија

Токио, 13 јануари 2026 (МИА) - Неколку четириножни роботи учествуваа во воена вежба спроведена од Првата воздушно-десантна бригада на Јапонските копнени сили за самоодбрана на полигонот Нарашино, што се одржа викендов. Ова е првпат единицата да интегрира самоупраувачки копнени возила во својата новогодишна вежба.

Беспилотното копнено возило, наречено „Визија 60“ (Vision 60), е развиено од американската компанија „Гоуст роботикс“ (Ghost Robotics), пишува порталот „Кликс“.

Роботите и трупите - со речиси 2.100 офицери од 14 земји, вклучувајќи ги САД и Австралија, учествуваа во вежбата, објави јапонскиот радиодифузер НТВ. Всушност, станува збор за робот тежок 51 килограм, кој може да издржи 3,15 часа континуирано одење со брзина од 0,9 м/с, или 21 час во режим на подготвеност.  си/сд/

Фото: Јутјуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан