• среда, 05 март 2025

Самоуправувачкиот „ФСД“ систем на „Тесла“ со проблеми во Кина

Самоуправувачкиот „ФСД“ систем на „Тесла“ со проблеми во Кина

Пекинг, 5 март 2025 (МИА) - Системот за целосно самоуправување во „Тесла“ возилата, наречен „Full Self-Driving“ („ФСД“) официјално е воведен во Кина и, кога ќе се спореди со статистиката од Северна Америка, не е изненадување што се соочува со тешкотии во прилагодувањето на новиот источен пазар. Имено, за време на неодамнешното тестирање, кинески блогер успеал да забележи седум сообраќајни самоуправувачки прекршоци при користењето „ФСД“. Повеќето од нив беа фатени на камера.

Чен Жен го објави видеото на „Веибо“, и на снимката, на пример се гледа како електричното возило постојано упаѓа во патеките за велосипеди. По сѐ, изгледа дека вештачкоинтелигентниот систем погрешно ја препознава велосипедската патека како лента за вртење десно. Тоа било забележано и од полицијата. На истиот тест, автомобилот на „Тесла“ изведе недозволено престројување и преминување на полна линија.

Имајќи предвид дека автомобилската компанија собира податоци од возилата заради подобрување на „ФСД“, може да се очекува дека, слично како во САД - системот повторно постепено ќе се подобрува прилагодувајќи се на сообраќајните правила во Кина. Според некои познавачи, сепак, тоа може да напредува бавно.

Специјализираниот портал „Шајн“ неодамна го тестираше „ФСД“ на „Моделот Ипсилон“ и го спореди со сличните системи „Ли ауто“ и „Аито“. Притоа, „ФСД“ направил 34 сообраќајни прекршоци на тестот и бараше 24 интервенции на возачот. За споредба, „Ли ауто Л-7“ имал 14 прекршоци и девет интервенции, а „Аито М-9“ - 14 прекршоци и 12 интервенции.

Иако и двата кинески самоуправувачки системи покажале подобри резултати од оној на „Тесла“, ниту еден од нив не ги исполнува условите на доверба во нивните способности во Кина. Имајќи го тоа предвид, се чини дека и „ФСД“ ќе има долг пат на усовршување и дозвола за користење.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан