Самоубиствен бомбашки напад во Могадишу
- Најмалку две лица загинаа кога бомбаш самоубиец влегол во продавница за чај во сомалискиот главен град Могадишу и активирал експлозивна направа.

Могадишу, 25 март 2020 (МИА) - Најмалку две лица загинаа кога бомбаш самоубиец влегол во продавница за чај во сомалискиот главен град Могадишу и активирал експлозивна направа.
Шефот на сомалиската полиција Мухамед Хусаин изјави дека напаѓачот влегол во продавницата и ја детонирал бомбата која ја носел на појасот.
Ова е прв напад од 16 март, откако во земјата е потврден првиот и засега единствен случај на заразени од новиот коронавирус. гт/