• сабота, 31 август 2024

Самостојна изложба во Тетово на Валбона Гаши-Шала од Косово 

Самостојна изложба во Тетово на Валбона Гаши-Шала од Косово 
Тетово, 29 јуни 2022 (МИА) - Во Уметничка галерија Тетово од вечерва може да се погледнат уметничките дела на Валбона Гаши-Шала од Косово. Изложбата е насловена „Медалјоните не молчат“.
-Познатата сликарка од Косово, Валбона Гаши - Шала во нашиот град се претставува со изложбата „Медалјоните не молчат“ која содржи дела со посебни естетски вредности кои имаат метафорично значење, па оживуваат во секое време, не молчат, туку ја будат љубопитноста кај љубителите на уметноста, информираат од Уметничка галерија Тетово.
Изложбата е отворена за јавноста во Уметничката галерија во наредните седум денови. ас/ки/

Остани поврзан