• среда, 04 февруари 2026

Сали - Ортиз: Продлабочување на соработката и поддршка за евроинтеграцискиот процес

Сали - Ортиз: Продлабочување на соработката и поддршка за евроинтеграцискиот процес

Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали денеска оствари средба со шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз, на која биле разгледани блиските билатерални односи меѓу Северна Македонија и Шпанија, како и можностите за нивно понатамошно унапредување во повеќе области, вклучувајќи ја европската политика, економијата, образованието и културата.

Посебен акцент, како што информираат од Министерството за европски прашања, бил ставен на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, при што била нагласена важноста од континуиран напредок во спроведувањето на реформите и исполнувањето на европските критериуми.

Во таа насока, била дискутирана и тековната реформска агенда насочена кон зајакнување на институциите, зголемување на транспарентноста и подобрување на инвестициската клима, како предуслов за приближување кон стандардите на Европската унија.

Двете страни изразиле заедничка подготвеност за продлабочување на соработката и натамошно јакнење на стратешките односи меѓу Северна Македонија и Кралството Шпанија. дма/са/

 

Фото: Кабинет на министерот за европски прашања

Остани поврзан