• сабота, 23 ноември 2024

Сали Бериша поднесе тужба против Ентони Блинкен

Сали Бериша поднесе тужба против Ентони Блинкен
Тирана, 5 август 2021 (МИА) - Поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој претходно се наоѓаше на „црната листа“ на САД, поднесе тужба до парискиот суд против американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен на почетокот на оваа година објави дека САД им забраниле на Бериша и неговото семејство влез во таа земја, наведувајќи го фактот дека САД официјално ги сметаат поранешниот албански премиер и неговото семејство за корумпирани. Бериша денеска изјави дека тужбата е поднесена во негово име од адвокат кој го ангажирал откако Блинкен одлучил да го прогласи за персона нон грата, а по дезинформациите на Сорос, пренесува приштинскиот весник Коха. Како што истакна Бериша, неговиот адвокат поднел тужба до парискиот суд и таа се базира на претходните преседани и на универзалниот принцип дека „не постои имунитет за клевета“. Тужбата е поднесена и врз основа, додаде тој, на друг универзален принцип дека „клеветата преку Интернет е казнива насекаде“. - Го повикувам секретарот Блинкен да ги достави до судот, во име на транспарентноста, сите докази кои ги има против мене и моето семејство, изјави Бериша на прес-конференција. гт/

Остани поврзан