• петок, 06 декември 2024

Саливан: Хамас стои на патот за прекин на огнот во Газа, а не Израел

Саливан: Хамас стои на патот за прекин на огнот во Газа, а не Израел

Вашингтон, 10 ноември 2024 (МИА) – Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан денеска изјави дека Хамас стои на патот на прекин на огнот во Газа, а не Израел.

- Израел рече дека е подготвен да постигне привремен прекин на огнот во замена за одреден број заложници и потоа да се обиде да ги врати сите заложници дома. Хамас рече не, рече Саливан во интервју за вестите на Си-би-ес.

Тој додаде дека САД оваа недела ќе донесат одлука за напредокот на Израел во врска со писмото што американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен го испратија до Израел минатиот месец во врска со хуманитарната помош за Газа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и Лојд Остин минатиот месец испратија писмо до израелските власти, барајќи конкретни мерки за справување со влошената ситуација во палестинската енклава.

Во писмото се наведени конкретни чекори што Израел мора да ги преземе во рок од 30 дена, вклучувајќи дозвола во Газа дневно да влегуваат најмалку 350 камиони, воспоставување пауза во борбите за да се овозможи испорака на помош и укинување на наредбата за евакуација на палестинските цивили кога нема оперативна потреба. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан