Саливан во Саудиска Арабија разговараше со престолонаследникот Бин Салман за војната во Газа
- Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан, кој е во посета на Саудиска Арабија, разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и за постигнување широк билатерален договор меѓу двете земји, јавија саудиските медиуми.

Дафран, 19 мај 2024 (МИА) - Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан, кој е во посета на Саудиска Арабија, разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и за постигнување широк билатерален договор меѓу двете земји, јавија саудиските медиуми.
На состанокот одржан во саудискиот град Даран, се разговараше за текстот на „полуфиналната верзија на нацрт-стратешките договори меѓу двете земји“ кои се во фаза на финализирање.
Се наведува дека Бин Салман и високиот функционер на администрацијата на Бајден разговарале и за потребата да се најде „кредибилен патоказ до решение за две држави“ за Израел и Палестинците, начините за завршување на војната во Газа и олеснување на испораката на хуманитарна помош. рп/
Фото: МИА архива