• петок, 05 декември 2025

Салах по рекордната трета награда во Премиер лигата: Сакав да бидам славен и да се грижам за моето семејство

Салах по рекордната трета награда во Премиер лигата: Сакав да бидам славен и да се грижам за моето семејство

Ливерпул, 20 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, се осврна на добиената награда за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата 2024/25.

Здружението на професионални фудбалери на Англија признанието по рекорден трет пат му го додели на египетскиот фудбалер.

- Дали имав амбиции да освојувам награди кога растев во Египет? Секако, сакав да бидам фудбалер, сакав да бидам славен и да се грижам за моето семејство, но не размислувате за сериозни работи кога сè уште сте во Египет. Кога ќе пораснете, почнувате да гледате на работите поинаку, имате амбиции и почнувате да ја гледате големата слика, изјави Салах за Би-би-си.

Триесет и тригодишниот Египќанец во сезоната 2024/25, постигна 29 гола и имаше 18 асистенции во 38 натпревари од англиското првенство.

Напаѓачот ја освои наградата по рекорден трет пат. Претходно ја освои наградата во сезоните 2017/18 и 2021/22. Марк Хјуз, Алан Ширер, Тиери Анри, Кристијано Роналдо, Гарет Бејл и Кевин де Брујн ја имаат освоено наградата двапати. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан