• сабота, 21 декември 2024

Салах нема намера да го напушти Ливерпул

Салах нема намера да го напушти Ливерпул

Ливерпул, 28 февруари 2023 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, нема намера да ги напушти редовите на англискиот прволигаш, најави менаџерот на египетскиот репрезентативец, Абас Иса.

Неговата реакција, која денеска ја пренесуваат британските медиуми, доаѓа откако дел од медиумите во Шпанија објавија минатата недела дека Салах со сигурност ќе бара нов клуб доколку Ливерпул на крајот на сезоната не избори пласман во Лигата на шампиони.

„Тоа не е точно. За тоа никогаш не се дискутирало. Тоа дека нема да се квалификуваме во Лигата на шампиони воопшто не ни паднало на ум“, напиша Иса на социјалните мрежи.

Салах е член на Ливерпул од 2017 година, а има договор со премиерлигашот до 30 јуни 2025 година. ег/ссм/

фото: Твитер

Остани поврзан