Салах во преговори за продолжување на договорот со Ливерпул
- Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е во преговори за продолжување на договорот со англискиот клуб.

Ливерпул, 17 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е во преговори за продолжување на договорот со англискиот клуб.
Според некои медиуми во Британија, Египќанецот Мохамед Салах планирал да го напушти Ливерпул и да се пресели во клуб од Саудиска Арабија. Сепак, благодарение на главниот тренер на англискиот тим Арне Слот, фудбалерот е подготвен да ја преиспита својата одлука.
Под водство на холандскиот тренер, Ливерпул покажува одлични резултати: тимот води во Премиер лигата и демонстрира блескава игра во Лигата на шампионите.
Триесет и двегодишниот Салах имаше импресивна форма оваа сезона, со 22 гола и 14 асистенции на 25 првенствени натпревари.
И покрај промената во плановите на играчот, клубови од Саудиска Арабија се уште се заинтересирани за негов потпис. На пример, Ал-Итихад е подготвен да му понуди многу профитабилен договор со плата поголема од 200 милиони евра за три години. Како одговор, Ливерпул подготвува подобрена понуда за продолжување на договорот за да го убеди играчот да остане. зс/
Фото. ЕПА