• вторник, 24 декември 2024

Сакраменто ќе потпише рекорден договор вреден 163 милиони долари со 22-годишен кошаркар

Сакраменто ќе потпише рекорден договор вреден 163 милиони долари со 22-годишен кошаркар
Сакраменто, 21 ноември 2020 (МИА) – Сакраменто ќе потпише рекорден договор во клупската историја со Де Арон Фокс, објави инсајдерот од „Атлетик“, Шамс Харанија. Според новинарот и добар познавач на НБА-случувањата, 22-годишниот Американец се договорил за патгодишна соработка вредна 163 милиони долари. Платата на играчот може да порасне на 196 милиони долари поради бонуси. Ова е најголемиот договор во историјата на кралевите. Фокс беше избран од Сакраменто како петти пик на драфтот во 2017 година, и беше во тимот веќе три сезони. зс/

Остани поврзан