Сакраменто по пауза од 17 години избори учество во НБА плејофот
- Екипата на Сакраменто кингс обезбеди место во разигрување за титулата откако ноќеска го победи Портланд со 120:80.

Портланд, 30 март 2023 (МИА) - Екипата на Сакраменто кингс обезбеди место во разигрување за титулата откако ноќеска го победи Портланд со 120:80.
„Кралевите“ ќе влезат во плејофот на НБА-лигата за прв пат од 2006 година. Пред 17 години Сакраменто во осминафиналето беше елиминиран од Сан Антонио со 4:2. Тимот не играше во плеј-офот 16 сезони по ред и тоа е негативен рекорд меѓу сите големи лиги во Северна Америка.
По 76 натпревари Сакраменто е трет во Западната конференција на најсилната кошаркарска лига во светот со биланс 46 победи и 30 порази.
Од Западот плејоф имаат изборено уште Денвер Нагетс и Мемфис гризлис. зс/
Фото: ЕПА