• петок, 05 декември 2025

Сака еден месец надвор од теренот, се повреди и Одегард

Сака еден месец надвор од теренот, се повреди и Одегард

 

Лондон, 25 август 2025 (МИА) – Англискиот напаѓач Букајо Сака ќе го пропушти натпреварот на Арсенал против Ливерпул в недела, како и септемвриските натпревари на Англија од мундијалските квалификации против Андора и Србија поради повреда.

Сака ја повреди тетивата во победата на домашен терен над Лидс Јунајтед во саботата и се очекува да биде надвор од теренот до четири недели, објави денеска Би-Би-Си.

Англискиот репрезентативец пропушти три и пол месеци од минатата сезона откако беше подложен на операција на десната тетива.

Паралелно со ова, и капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, исто така, е неизвесен за претстојното дерби на Енфилд Роуд, откако го повреди рамото во победата над Лидс. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан