Сака го продолжи договорот со Арсенал
- – Англискиот репрезентативец Букајо Сака потпиша нов повеќегодишен договор со неговиот клуб Арсенал, соопшти клубот од Лондон
Лондон, 19.февруари 2026 (МИА) – Англискиот репрезентативец Букајо Сака потпиша нов повеќегодишен договор со неговиот клуб Арсенал, соопшти клубот од Лондон. Во соопштението не се објавени детали од договорот, но Скај спортс пренесува дека фудбалерот ја продолжил соработката со Арсенал до јуни 2030 година.
Сака кој има 24 години, веќе неколку сезони е еден од главните играчи на „топџиите“ и на Емирати е од мај 2010 година. Во дресот на Арсенал има одиграно 297 натпревари и бил стрелец на 78 голови.
Сака е и англиски репрезентативец и веќе има одиграно 48 натпревари со 14 постигнати голови во репрезентативниот дрес. мн/
Фото: ЕПА