• сабота, 23 ноември 2024

САЕМ: Забрана за некои емисии од Тв Хепи и Тв Пинк М поради говор на омраза

САЕМ: Забрана за некои емисии од Тв Хепи и Тв Пинк М поради говор на омраза
Подгорица, 10 февруари 2020 (МИА) - Советот на Агенцијата за електронски медиуми на Црна Гора (САЕМ) донесе одлука да го ограничи емитувањето на одредени програмски содржини во рамки на ТВ-програмите „ТВ Хепи“ и „ТВ Пинк М“ од Србија на три месеци. Како што се наведува во соопштението на САЕМ, причината за оваа одлука се програмите во кои се промовира омраза, нетрпеливост и дискриминација кон припадниците од црногорска националност. „Оценувајќи дека станува збор за прашање од јавен интерес, чија заштита бара спроведување мерки со кои се потиснува спорното изразување, САЕМ заклучи дека е оправдано да се ограничи на три месеци емитувањето на „Добро утро Србијо“, „Кирилица“ и „По ручек“ на „ТВ Хепи“ и „Ново утро“ на „ТВ Пинк М“, се наведува во соопштението. паг/    

Остани поврзан