• среда, 25 декември 2024

Саем на книга на „Култура“ во Делчево

Саем на книга на „Култура“ во Делчево

Делчево, 22 јуни 2023 (МИА) - Богата понуда на книги меѓу кои и дела од авторката Милијана Павловска денес понуди Саемот на книга на издавачката куќа „Култура“ во Делчево. Саемот е во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево чиј директор Биљана Петровска ги повика читателите да го посетат и да поразговараат за творештвото на авторката Павловска.

-Издавачката куќа „Култура“ конечно со свој саем на книги во ЈЛБ„Илинден“. Ги покануваме сите наши читатели и сите граѓани да го посетат саемот, изборот на наслови е разновиден. На саемот е и авторката Милијана Павловска. Читателите ќе имаат можност да разговараат со неа и да се запознаат од блиски со нејзиното творештво. Таа е автор кој со ништо не се разликува од странските автори,твори навистина прекрасно. Крајно време е да ги поддржиме, промовираме и вреднуваме нашите автори, рече Петровска.

Авторката Павловска приликата истакна дека како дел од Саемот на книга на Култура, чест е да се биде гостин на библиотеките ширум Македонија, кои ја прогласиле за најчитан домашен автор,

-За 10 години напишав 17 романи, д соработката сум многу задоволна, ја прошетавме речиси цела Македонија, благодарение на библиотеките кои ме претставуваат со назнака како најчитан автор. Ова не ми прва посета на Делчево, бев на „Вапцарови денови“ пред две години. Сакам да ја искористам приликата да истакнам дека мојот прв роман „Скршени крилја“ студентките од Педагошкиот факултет неодамна го преведоа на Англиски јазик, тоа е голема чест и голем успех за мене и се надевам дека книгата ќе се промовира поширко, рече Павловска.

Саемот на книга на Култура во Делчево ќе биде отворен денес до 16 часот. вс/дма/


Фото: МИА

 

 

Остани поврзан