САД ја повикуваат Сирија да ги повлече силите од Свеида за да се овозможи деескалација
- Соединетите Американски Држави ја повикаа Сирија да ги повлече своите сили за да се овозможи деескалација, изјави портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, денеска, по обновените борби меѓу сириските владини сили и локалните групи Друзи во јужниот град Свеида, само неколку часа по постигнувањето на првичното примирје.
Вашингтон, 16 јули 2025 (МИА) - Соединетите Американски Држави ја повикаа Сирија да ги повлече своите сили за да се овозможи деескалација, изјави портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, денеска, по обновените борби меѓу сириските владини сили и локалните групи Друзи во јужниот град Свеида, само неколку часа по постигнувањето на првичното примирје.
-Ја повикуваме сириската влада да ги повлече своите сили за да им овозможи на сите страни да се деескалираат, рече Брус за Фокс њуз.
Во меѓувреме, сириската влада го повика Советот за безбедност на ОН да свика состанок што е можно поскоро „за да се разгледаат последиците од израелската агресија на сириска територија“.
Претходно денеска Израел го нападна генералниот штаб на сириската армија во Дамаск и се закани дека ќе започне уште помасовни напади врз сириските сили ако не ја напуштат Свеида во јужна Сирија, каде што во тридневните судири загинаа повеќе од 300 луѓе. мс/
фото: МИА архива