• сабота, 23 ноември 2024

САД ја осудија забраната на Светскиот сервис на Би-Би-Си во Кина

САД ја осудија забраната на Светскиот сервис на Би-Би-Си во Кина
Вашингтон, 12 февруари 2021 (МИА) - САД ја осудија забраната за емитување на програма на британската телевизија Би-Би-Си Ворлд њуз (BBC World News) во Кина и го повикаа Пекинг да ја поддржи „слобода на медиумите“. - Апсолутно ја осудуваме одлуката на Народна Република Кина. Ја повикуваме Кина и другите земји кои спроведуваат авторитативна контрола над своето население да дозволат непречен пристап до интернет и слобода на медиумите, изјави портпаролот на американскиот Стејт депаретмент Нед Прајс. Кинеската национална администрација за радио и телевизија (НРТА) вчера забрани емитување на светскиот сервис на Би-Би-Си со образложени дека телевизијата „сериозно“ ги прекршила прописите во земјата. Во соопшттението на НРТА се истакнува дека светскиот сервис на Би-Би-Си го прекршила принципот за веродостојни и точни информации и оти и наштетува на националните интереси на Кина. Претходно и Лондон одлуката на кинеските власти ја оцени како напад врз слободата на медиумите. - Кина е помеѓу земјите со најстроги рестрикции во светот за слобода на медиумите и интернетот и оваа најнова мерка само ќе наштети на репутацијата на Кина во очите на светот, напиша Раб вчера на Твитер. Портпаролката на Би-Би-Си изјави дека се разочарани од одлуката на кинеските власти. - Би-Би-Си е меѓународен информативен канал, најсигурен во светот. Покриваме теми од цел свет на фер и непристрасен начин и без страв или фаворизирање, истакна Портпаролката на Би-Би-Си. Забраната за Би-Би-Си најверојатно е реципрочна мерка по укинувањето на дозволата за емитување на кинеската сателитскла телевизија на англиски јазик ЦГТН во Велика Британија. Британскиот регулатор ја укина дозволата за кинеската телевизија на 4 февруари со образложение дека телевизијата е поврзана со владејачката Комунистичка партија на Кина. Тогаш Пекинг наведе дека дозволата е одземена од политички причини и оти Кина има право да одговори за да ги заштити правата и интересите на кинеските медиуми. ми/

Тагови

Остани поврзан