• сабота, 06 декември 2025

САД ја обвинуваат левичарската реторика за нападот врз колумбискиот сенатор

САД ја обвинуваат левичарската реторика за нападот врз колумбискиот сенатор

Вашингтон, 8 јуни 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио ја обвини „агресивната левичарска реторика“ за нападот врз колумбискиот сенатор и претседателски кандидат Мигел Урибе.

„Ова е директна закана за демократијата и резултат на насилничката реторика што доаѓа од највисоко ниво на колумбиската влада“, се наведува во соопштението на Рубио. Тој го повика левичарскиот претседател на Колумбија, Густаво Петро, да „ја смири подбуцнувачката реторика и да ги заштити демократски избраните претставници“.

Мигел Урибе беше тешко ранет за време на митинг, а напаѓачот е уапсен. Урибе е во болница во сериозна состојба. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан