• сабота, 23 ноември 2024

САД ја обвинуваат Кина за растечките тензии во Јужно Кинеско Море

САД ја обвинуваат Кина за растечките тензии во Јужно Кинеско Море
Вашингтон, 26 јули 2022 (МИА) – САД денеска ја обвинија Кина за зголемените „провокации“ против ривалските земји кои претендираат на делови од Јужното Кинеско Море и други држави кои дејствуваат во областа. -Постои јасен и растечки тренд на провокации од страна на Народна Република Кина против земјите кои полагаат право на Јужното Кинеско Море и другите држави кои работат легално во регионот, изјави Јунг Пак, претставничка на Стејт департментот задолжена за Источна Азија. Пак на настан организиран од Центарот за стратешки и меѓународни студии кажа дека кинеските авиони се повеќе се вклучени во опасни пресретнувања на австралиски авиони во меѓународниот воздушен простор над Јужното Кинеско Море и дека во три одделни инциденти во последниве месеци ги довече во прашања истражувањата на морето и енергијата во рамките на ексклузивната економска зона на Филипините. „Агресивното и неодговорно однесување на кинеската војска во Јужното Кинеско Море е една од најзначајните закани за мирот и стабилноста во Индо-Пацификот и прашање на време е кога ќе се случи голем инцидент или несреќа“, изјави денеска Ели Ратнер, помошник секретар за одбрана за индо-пацифички безбедносни прашања на истиот настан на Центарот за стратешки и меѓународни студии. Кина полага права на речиси целото Јужно Кинеско Море, а Пак ги опиша тврдењата како „експанзивни и незаконски“. Пак додаде дека „провокативните активности“ на Кина за спроведување на таквите тврдења „придонесуваат за регионална нестабилност, им штетат на економиите на другите земји кои полагаат права, го поткопуваат постојниот поморски поредок и ги загрозуваат правата и интересите на сите нации кои се потпираат или работат на овој витален воден пат. -Сакаме да обезбедиме земјите, како што ги имаат нивните односи со Пекинг, да имаат алатки и моќ и способност да се залагаат за нивната автономија и нивното суверено одлучување, рече таа. Пак ги даде своите коментари пред најавените разговори меѓу американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг оваа недела. сд/

Остани поврзан