САД ставија вето на резолуцијата на СБ на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа
- САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот во Појасот Газа, пренесоа агенциите.

Њујорк, 20 ноември 2024 (МИА) - САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот во Појасот Газа, пренесоа агенциите. За резолуцијата гласаа 14 членки на Советот за безбедност, а САД ставија вето, објави Ал Џезира.
Резолуцијата повикува на „итен, безусловен и траен прекин на огнот“ во Појасот Газа и одделно бара ослободување на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас. мс/
фото: МИА архива