• понеделник, 16 декември 2024

САД со нови санкции кон Судан

САД со нови санкции кон Судан

Вашингтон, 28 септември 2023 (МИА) – САД воведоа санкции за две компании, од која едната е со седиште во Русија, и кон поединец обвинет за поттикнување нестабилност во Судан, каде во борбите загинаа илјадници, а милиони цивили беа принудени да ги напуштат своите домови.

Тоа е последниот пакет санкции наметнати од Вашингтон откако избија судирите помеѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) во средината на април поради плановите за политичка транзиција и интеграција на РСФ во војската.

- Денешната акција бара одговорност од оние кои ги поткопаа напорите за изнаоѓање мирно и демократско решение во Судан, изјави потсекретарот на американското Министерство за финансии за тероризам и финансиско разузнавање. Ние ќе продолжиме да ги гониме актерите кои го продолжуваат овој конфликт за лична корист, Брајан Нелсон.

Министерството за финансии соопшти дека санкции се воведени кон Али Карти, министерот за надворешни работи на Башир, кој го предводеше исламистичкото движење во Судан по соборувањето на Омар ал Башир во 2019 година.

Санкции се воведени и кон компанијата „ГСК Едванс“ (GSK Advance) со седиште во Судан, која според американското Министерство за финансии била користена за снабдување на РСФ.

ГСК соработувала со руската компанија за воено снабдување Авиатрејд (Aviatrade), за да организира набавка на делови за беспилотни летала што претходно ги купи армијата.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјави дека Вашингтон оваа недела презел чекори за воведување визни ограничувања за луѓето за кои се верува дека се дел од напорите за поткопување на демократската транзиција на Судан, вклучително судански исламисти и поранешни функционери, како и други лица кои угнетуваат човекови права и учество во други акти. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан