САД се соочуваат со „се покревок светски поредок“, предупредуваат американските разузнавачки агенции
Вашингтон, 11 март 2024 (МИА) - Американските разузнавачки агенции предупредија дека САД се соочуваат со „се покревок светски поредок“ што е под притисок од судирот меѓу големите сили поради транснационалните предизвици и регионалните конфликти. Ова предупредување е содржано во извештајот подготвен по повод денешното сослушување на шефовите на разузнавачките агенции во Сенатот на американскиот Конгрес.
„Амбициозната, но проблематична Кина, конфронтираната Русија, регионалните сили како Иран и поспособните недржавни играчи ги предизвикуваат долгогодишните правила на меѓународниот поредок, како и надмоќта на САД во него“, наведуваат агенциите во извештајот.
Документот е насловен како „Годишна проценка на американското разузнавање за заканите за 2024 година “. зш/