САД привремено го запираат издавањето визи за лица од Појасот Газа
- Американскиот Стејт департмент соопшти дека привремено го запира издавањето визи за лица од Појасот Газа.

Вашингтон, 16 август 2025 (МИА) - Американскиот Стејт департмент соопшти дека привремено го запира издавањето визи за лица од Појасот Газа.
„Сите визи за посета за лица од Газа се стопираат додека се спроведува целосна и детална проверка на процесот и процедурите што се користат при издавање на мал број привремени медицински и хуманитарни визи“, се наведува во кусо соопштение на Стејт департментот објавено на социјалната мрежа „Икс“. ссм/
фото: архива