• четврток, 07 ноември 2024

САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје

САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје
Вашингтон, 7 јули 2022 (МИА) - САД го почитуваат правото на македонските граѓани на мирно изразување мислења и гледишта и повикаа на воздржаност од секакво насилство на протестите во Скопје, изјавија за МИА од американскиот Стејт департмент. Оттаму укажаа дека пристапувањето на Северна Мaкедонија во ЕУ е значаен фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност. -САД е силен поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Сметаме дека иднината на Западен Балкан е безрезервно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион, изјави денеска портпарол на Стејт департментот. Вашингтон високо ги оценува изјавите на лидерите на ЕУ за важноста на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ кака фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност. - Го почитуваме правото на граѓаните на мирно изразување мислења и гледишта и ги повикуваме сите на воздржаност од секакво насилство, укажаа од Стејт департментот. Потсетија дека Северна Македонија ги сработи основните задачи, и дека сега е време да оди понатаму во следната фаза на процесот за пристапување. -Со оглед на значајноста на овој процес за земјите од регионот, и пошироко за Европа, ги повикуваме нашите пријатели да ја искористат шансата и да го започнат пристапниот процес, рече портпаролот. кб/лв/

Остани поврзан