• вторник, 24 декември 2024

САД одобрија евентуална продажба на воена опрема и оружје на Хрватска

САД одобрија евентуална продажба на воена опрема и оружје на Хрватска
Вашингтон, 3 декември 2020 (МИА) - Американскиот Стејт департмент одобри евентуална продажба на воена опрема и оружје на Хрватска во висина од 757 милиони долари, објави американската Агенција за одбранбена  безбедносна соработка (ДСЦА). Стејт департментот донел одлука со која се одобрува евентуална продажба на воена опрема и оружје на Хрватска за обнова, модернизација и поддршка на пешадиските борбени возила од типот „Бредли“ М2А2. ДСЦА наведе дека продажбата на опрема на Хрватска нема да ја промени основната воена рамнотежа во регионот. За купување на американско оружје покрај Хравтска заинтересирани се и Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Бразил, Либан и Канада. ми/

Остани поврзан