• вторник, 24 декември 2024

САД обвинија тројца Иранци за електронски поткопувања на изборната кампања на Трамп

САД обвинија тројца Иранци за електронски поткопувања на изборната кампања на Трамп

Вашингтон, 28 септември 2024 (МИА) - Американските правосудни власти обвинија тројца Иранци дека електронски ја поткопувале изборната кампања на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, објавија американските правосудни органи.

Обвинети се тројца ирански државјани кои биле ангажирани од Револуционерната гарда, иранската идеолошка армија.

„Обвинетите јасно ставија до знаење дека сакаат да ја поткопаат кампањата на поранешниот претседател Доналд Трамп за изборите во 2024 година“, изјави државниот обвинител Мерик Гарланд.

Обвинителите рекоа дека тројцата обвинети Иранци биле членови на иранската Револуционерна гарда, која извршила операција „хакирање и протекување информации“ во „намерен обид“ да ја поткопаат кампањата на неименуван кандидат, јави Би-Би-Си.

Минатата недела американски официјални лица изјавија дека иранските хакери се обиделе да дистрибуираат украден материјал од кампањата на Трамп на поединци во кампањата за реизбор на Џо Бајден пред Бајден да се повлече.

Тројцата се обвинети за 18 точки од обвинението за проневера, кражба на идентитет и материјална поддршка на „странска терористичка организација“, како и за хакирање, наведува Би-Би-Си.

Во август, изборниот штаб на Трамп објави дека Иран ги хакирал нивните внатрешни комуникации. Иранските власти негираа каква било вмешаност.

Неколку дена подоцна Федералното биро за истраги (ФБИ) потврди дека Иран стои зад хакирањето на кампањата на Трамп. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан