• петок, 20 декември 2024

САД обвинија кинески воени хакери за „најголема кражба на податоци“

САД обвинија кинески воени хакери за „најголема кражба на податоци“
Вашингтон, 10 февруари 2020 (МИА) - САД обвинија четворица кинески воени хакери за кибер-напад врз кредитната агенција Еквифакс, со што се загрозени податоците на околу 147 милиони Американци, објави денеска американскиот Јавен обвинител, Вилијам Бар. - Тоа беше една од најголемите кражби на податоци во историјата, изјави Бар, зборувајќи за хакерски напад кој се случил во 2017 година. Тој нагласи дека за нападот се обвинети четворица припадници на Народно-ослободителната армија на Кина. Загрозени се податоците на речиси 147 милиони луѓе, повеќето Американци, вклучувајќи ги нивните броеви од социјалното осигурување и возачките дозволи. Со акцијата извршена во мај и јуни 2017 година биле засегнати и државјани на Канада и Велика Британија. - Хакерите во системот на Еквифакс се задржале неколку недели. Тие влегле во компјутерската мрежа и краделе доверливи службени и лични податоци, тврди Бар. За да ја прикријат својата вистинска локација, дејствувале преку 34 сервери во речиси 20 држави. Кинеската амбасада во Вашингтон се уште нема коментар за обвиненијата против четворицата свои државјани. Агенцијата Еквифакс поседува податоци за повеќе од 820 милиони корисници и 91 милион деловни субјекти. гт/

Остани поврзан