• понеделник, 22 јули 2024

САД обвинија двајца хакери поврзани со кинеската Влада

САД обвинија двајца хакери поврзани со кинеската Влада
Вашингтон, 21 јули 2020 (МИА) - Американското Министерство за правда денеска обвини двајца хакери поврзани со кинеската Влада. Според обвинението, цел на хакерите биле компании што  развиваат вакцини против коронавирусот, а од фирми низ светот двајцата успеале да украдат интелектуална сопственост и трговски тајни, чија вредност се проценува на неколку стотици милиони долари. Хакерите во измиантите неколку месеци ги истражувале слабостите на компјутерските мрежи на компании познати по тоа што работат на развојот на вакцини. Ова е последен во низата агресивни потези на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против Кина. Трамп, чии шанси за реизбор во ноември се намалени поради епидемијата на коронавирусот, претходно ја обвини Кина за пандемијата. Американските обвинители соопштија дека хакерите ги украле информациите не само за лична корист, туку и затоа што знаеле дека тоа ќе има вредност за кинеската Влада. Хакерите ниту се во притвор, ниту се наоѓаат во САД, но американските власти одлучија дека ќе имаат повеќе корист доколку го поднесат обвинението отколку да чекаат двајцата да влезат во земјата, што не било веројатно.сд/

Остани поврзан